X
 09.09.2020 Култура

Се враќаме во кино!

Љубителите на филмот со нетрпение ги очекуваат проекциите на големото платно во Cineplexx. Магијата на седмата уметност е во гледањето филм во кино, на вистинското место каде што автентичноста на просторот, приказнaта, звукот и атмосферата го доближуваат оригиналното чувство на блискост помеѓу гледачите и нивните омилени наслови.

Киното отсекогаш било и секогаш ќе биде матично катче на филмаџиите, нивните премиери, аплаузи и зборно место за средба со вистинската публика. За публиката, времето за кино и во кино е личен избор, нешто што бескрајно го сака и секогаш го поврзува со емоцијата за уметност.

Киното Cineplexx е омилениот простор за филм и дружба на најмладите, нивните родители, тинејџерите, возрасните, нивното семејно катче, место каде што пријателите се заедно... простор каде што секој го наоѓа своето место за креативно и корисно време за уживање.

Со целосно почитување и примена на препораките од надлежните институции, Cineplexx во Србија, Хрватска, Словенија, Грција и во Австрија ги отвори вратите и го исполни ветувањето кон публиката - да се врати во киносалите.

Наскоро и нашата публика, согласно препораките за заштита од Ковид-19 и имплементација на мерките пропишани од институциите, во Cineplexx ќе му се врати на филмот во кино.

Професионалниот пристап, долгогодишното искуство и одговорноста се синоним за работењето на Cineplexx, кој како глобален бренд стекна интернационална слава и почит од страна на филмската публика, секаде и кај нас.

Довербата се гради со заемна почит и квалитет, нешто на што сме благодарни и се гордееме.

Се враќаме во кино – се гледаме во Cineplexx.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура