X
 09.09.2021 Живот

Необични слики - колку повеќе ги гледате, толку пострашни стануваат

Земете лупа, детективи, бидејќи следуваат интересни илустрации.

Уметникот Џеф Ли Џонсон создава застрашувачки слики. Кога ќе погледнете во неговите илустрации, секој мал детал е важен. Џеф ја исполнува сликата со толку многу детали, што е тешко да го тргнете погледот од неговите дела. Се чини дека со секој нов поглед откривате нешто ново.

1

- Мајка ми беше страстен читател на научна фантастика, фантазија и хорор, и слободно ги делеше тие книги со мене. На нашиот телевизор постојано се прикажуваа класичните филмови. Поминав многу време читајќи ги книгите и гледајќи ги филмовите, играјќи различни улоги во тие приказни и стекнувајќи емпатија и увид во широк спектар на личности и ситуации - раскажува тој.

3

Џонсон ги создал овие илустрации за да изгледаат сосема нормално на прв поглед, дури и идилично, но за брзо време се трансформираат во нешто страшно.

4

Ликовите што се наоѓаат на илустрациите изгледаат поважни од натприродните сили или несреќните околности, иако секоја слика има по малку од сѐ.

5

Извор: Bored Panda
Фото: Jeff Lee Johnson
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот