X
 09.10.2019 Образование

Активности по повод Светскиот ден на учителот на Педагошкиот факултет во Битола

По повод Светскиот ден на учителот, на Педагошкиот факултет во Битола се одржа тркалезна маса со наслов ,,Емоционалните компетенции на наставниците“. На настанот учество зедоа наставници, стручни соработници, директори од голем број основни училишта од Општина Битола и наставниот кадар на Педагошкиот факултет.

2

Дискусиите на тркалезната маса имаа цел да го поттикнат и поддржат интердисциплинарниот дискурс во областа на образовните науки. Деканот на Педагошкиот факултет, проф. д-р Добри Петровски, ги поздрави присутните и истакна дека оваа тркалезна маса полека прераснува во годишен настан каде што се дава внимание и значење на најблагородната професија, учителската професија.

2

Покрај оваа активност, по повод Денот на учителот, 5 октомври, учениците од четврто одделение од ОУ „Тодор Ангелевски “ од с. Горно Оризари го посетија Педагошкиот факултет во Битола. Тие заедно со одделенскиот раководител м-р Бисера Петровска-Аргиновски и директорката Љубица Стерјева имаа можност да го разгледаат факултетот и да научат за организациската и просторната опременост. Учениците беа топло пречекани од деканот, проф. д-р Добри Петровски, имаа свој краток рецитал и добија одговори на многубројните прашања што ги поставија.

3

3

Убавата и пријатна средба ја продлабочува поврзаноста на Педагошкиот факултет со основното образование, педагошка провокација внимателно испланирана, дизајнирана за да им овозможи на учениците поинаков начин на поимање на светот, поразвиени структури на однесување, стекнување компетенции за нови искуства и полесно снаоѓање во нивното комбинирање.

4

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование