X
 09.10.2020 Култура

Мистериозната смрт на Едгар Алан По

Едгар Алан По починал на 7 октомври пред 171 година. Но сè уште не знаеме зошто. Смртта на поетот претставува мистерија и денес.

Во епизода од видеосеријата „Базфид ансолвд“ се разгледува смртта на Едгар Алан По. Во 25-минутно видео се резимира неверојатно несреќниот живот на писателот и се анализира неговата исто така несреќна смрт.

Сè започнало на 27 септември 1849 г. кога писателот се качил на воз во Ричмонд. Следниот ден се симнал во Балтимор, а следните пет дена никој не знае каде бил. Потоа, на 3 октомври, тој бил пронајден во делирична состојба, неподвижен и облечен во излитена облека пред јавна куќа. Бил однесен во болница под претпоставка дека бил пијан.

По никогаш не се освестил за да објасни што му се случило и починал на 7 октомври, на возраст од 40 години.


Во видеото се разгледуваат повеќе теории со кои би можела да се објасни смртта на По. Меѓу другото, има претпоставки дека тој имал тумор на мозокот и бил претепан од лутите браќа на неговата свршеница. Неговата смрт е неговата последна гротескна приказна, соодветна на оние што ги напишал додека бил жив.

Извор: openculture.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура