X
 09.11.2021 Живот

Отворен ден на УКИМ на 30 ноември

Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 30 ноември 2021 г., организира Отворен ден на УКИМ. Настанот ќе се одржи онлајн преку платформата „Мајкрософт тимс“ http://www.ukim.edu.mk/otvoren-den

Целта на настанот е идните студенти на УКИМ да ги запознаат одблиску професорите и студентите, да прашаат сè што ги интересира за студиските програми, за можностите за стипендирање, да ги слушнат искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, да дознаат за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности....

...да ја слушнат пораката на УКИМ упатена до нив:

- Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје!

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот