X
 09.11.2022 Живот

Повик за студентите на УКИМ да поднесат апликации за проекти и научни трудови

До 3 декември 2022 трае пријавувањето апликации за проекти и научни трудови за студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Универзитетското студентско собрание на УКИМ во повикот наведе дека оваа година сакаат да ја потенцираат важноста од пишување научни трудови и предлог-проекти од студентите и веруваат дека УСС на УКИМ ќе биде точката од каде што ќе почне повеќе да ѝ се дава значење на научноистражувачката дејност во земјава.

Апликациите треба да се пријавуваат до 12 часот на 3 декември 2022, на електронската адреса: studentsko.sobranie@ukim.edu.mk
По затворање на пријавувањето, апликациите ќе бидат разгледани од Комисијата за наука при УКИМ и УСС и избраните ќе бидат презентирани на конференција што УСС на УКИМ ќе ја организира во текот на летниот семестар.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот