X
 09.12.2021 Наука

Како изгледа омикрон? Кинеските научници објавија фотографија

Новиот сој на коронавирусот наречен омикрон се појави кон крајот на ноември, а првите студии покажаа дека е потенцијално полесен за пренос од претходните соеви.

Универзитетот во Хонгконг во средата ја објави првата фотографија од омикрон направена со помош на електронски микроскоп.

Медицинските научници, вклучително и патолози и виролози, успеаја да направат електронска микрографска фотографија на бубрежна клетка на мајмун (Веро Е6) откако мајмунот беше заразен со омикрон.

Споменатиот универзитет објави фотографии од омикрон со мало и големо зголемување.

При мало зголемување, сликата покажува оштетување на клетките со отечени везикули кои содржат мали црни вирусни честички, објаснуваат научниците.

Сликата со големо зголемување покажува множества од вирусни честички со шилци на нивната површина.
Научниците од Одделот за микробиологија на Универзитетот во Хонгконг успеаја да го изолираат омикрон од клиничките примероци, што ќе овозможи развој и производство на вакцини против оваа најнова варијанта.

Најважната карактеристика на омикрон-варијантата е што има најмногу мутации на шилестиот протеин досега, односно 32. Тоа значи дека може полесно да го потисне имунолошкиот одговор и полесно да се шири.

Извор: Sputnik
Фото: Twitter/med.hku.hk
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука