X
 09.12.2022 Култура

Утре премиера на „Bella Figura“ во Турски театар

Утре во 20 часот, Турски театар премиерно ќе ја изведе претставата „Bella Figura“ од Јасмина Реза, во режија на Ирена Стеријовска.

Тоа е приказна која прави вивисекција на конфликтите кои модерниот човек ги води со себе и со светот. Почнува со тривијална ситуација која сосема случајно тргнува наопаку и става пет лика во погрешно време на погрешно место, заедно.



Во оваа претстава ја истражуваме рамнотежата која ние луѓето се чини сме осудени да ја одржуваме, често несвесни дека еквилибриумот нема карактеристики на одржлива состојба. „Bella Figura“ отвора прашање за односот помеѓу она што сме и она што сакаме да бидеме, за балансирањето помеѓу своите и туѓите потреби, помеѓу животот и немилосрдните закони на природата како смртта и заборавот.

Во претставата играат Зиба Радончиќ, Слаѓана Вујошевиќ, Џенап Самет, Селпин Керим и Филиз Ахмет.

Претставата се изведува на сцената на Театар Комедија со титл на македонски јазик.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура