X
 10.01.2019 Економија

Овие земји до 2030 година би можеле да бидат десетте најмоќни светски економии

Идната година Кина ќе ги престаса САД на лидерското место на најмоќна светска економија, предвидува анализа на „Стандард Чартерд“. Дополнително, до 2030 година седум од првите десет места на листата со најголеми глобални економии ќе им припаднат на денешните пазари во подем.

Според тие предвидувања, Индија исто така би требало да ги престаса САД, кои до 2030 година би можеле да бидат трета економија во светот. Во истиот период Индонезија ќе се пробие во првите пет и ќе го заземе четвртото место, додека Турција ќе биде на петтото место на листата со најјаки економии во светот.

„Стандард Чартерд“ ја прави анализата врз основа на номинален БДП и паритет на куповна моќ.

- Нашите долгорочни прогнози се засноваат на еден клучен принцип: уделот на државите во светскиот БДП на крајот би требало да се усогласи со уделот на таа држава во светската популација, што ќе се води со усогласување на БДП по жител меѓу развиените пазари и оние што се во подем - истакнува Дејвид Ман, економист во „Стандард Чартерд“.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија