X
 10.02.2019 Живот

Картата на светот од ИКЕА има една грешка. Дали можете да ја забележите?

На социјалната мрежа „Редит“ корисниците почнаа расправија со картата од светот што се продава во ИКЕА, на која има голем пропуст.

Фотографијата од картата се појави откако еден корисник на „Редит“ забележал дека на неа го нема Нов Зеланд. За работата да биде уште подобра (или полоша), ИКЕА сака да отвори продавница токму во оваа земја.

Ова не е првпат Нов Зеланд неправедно да е исфрлен од картата на светот. Тоа се случува толку често, што туристичката заедница во оваа земја во мај 2018 година ја почна кампањата #getNZonthemap во која учествувала и премиерката Јацинда Ардрен.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот