X
 10.02.2023 Култура

Министерството за култура ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес за 2023 година

Министерството за култура денеска, на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk), ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година.

Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година траеја од 17 октомври до 25 ноември.
Рокот беше продолжен за една недела по барање на корисниците, кои алармирале за тешкотии поради преоптовареност на системот, но имало и субјективни проблеми поради неажурирани податоци на дел од апликантите.
Во системот се евидентирани 3.355 пријави, поднесени од: физички лица, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија во согласност со закон.
Критериумите, приоритетите и мерилата врз чија основа се вршеше оцена на проектите по одделни дејности беа содржани во Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година.

На следниот ЛИНК можете да ги видите резултатите


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура