X
 10.03.2019 Живот

Избори во Северна Кореја - Облечете се убаво и излезете на гласање

Милиони гласачи во Северна Кореја, вклучувајќи го и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, денес гласаат на парламентарните избори.

Севернокорејците ќе избираат 700 члена на парламентот, врховно народно собрание, кое на хартија е највисок орган во земјата.

На секое гласачко ливче се наоѓа само едно име, кое е претходно договорено. Гласачите можат да го пречкртаат, но тоа досега не се случило.

koreja
Фото: AP Photo/Dita Alangkara


Медиумите пренесуваат дека во Пјонгјанг преовладува свечена атмосфера. Одѕивот е вообичаено висок, околу 99 отсто и повеќе, а според законот, право на глас имаат граѓаните што наполниле 17 години.

Сојузот на социјалистички жени соопшти дека сите луѓе во земјата се едно семејство и затоа треба да се гласа за договорениот кандидат. Во статија со наслов „Супериорниот изборен систем на ДНР Кореја“ се наведува дека гласањето е важна можност да се покаже цврстина и непобедливост на социјалистичкиот систем во кој лидерот, партијата и масата се дел од хармонична целина.

Кандидатите ја избираат владејачката Работничка партија на Кореја и неколку помали коалициски партии кои имаат места во парламентот, но малку независност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот