X
 10.03.2019 Култура

Најдобрите филмови што доаѓаат овој месец

Освен што ја носи пролетта, март е месец кога пристигнуваат и неколку долгоочекувани филмови, како што е хорор-трилерот „Us“. Погледнете кои други филмови пристигнуваат овој месец.

„Greta“



Кога едно девојче ќе пронајде женска чанта во метрото и ќе се обиде да ја врати, тоа формира едно неочекувано и чудно пријателство.

„Captain Marvel“




Пристигнува еден од најочекуваните филмови за оваа година.

„I'm Not Here“




Еден човек се бори со трагичните спомени од неговото минато во обид да добие смисла неговата сегашност. Набрзо сфаќа дека времето не му е непријател.

„Captive State“




Научна фантастика, вонземјани, лагите на владата и ропството вклопени во еден филм.

„The Hummingbird Project“




Џеси Ајсенберг, Александер Скарсгард и Селма Хаек се дел од оваа филмска драма за паметни луѓе кои ја користат технологијата за да заработат еден тон пари.

„Us“




Најновиот хорор-филм на Џордан Пил, кој луѓето со нетрпение го очекуваат. Станува збор за двојници кои доаѓаат да тероризираат едно семејство.

„Dumbo“




Слонот со неверојатно големи уши се враќа, а приказната горе-долу ни е позната на сите.

„Trading Paint“



Џон Траволта и Шанаја Твејн во ист филм. Тркачот и ветеран Сем Мунроу и неговиот син ги пребродуваат семејните и професионалните конфликти за да ги здружат силите затоа што заедно се посилни.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура