X
 10.04.2018 Живот

Елен Деџенерес им порача на дипломците: „Најважно е човек да биде искрен кон себе“

„...Беше толку важно за мене да изгубам сè бидејќи открив што е најважно. Најважно е човек да биде искрен кон себе. И на крајот на краиштата, токму тоа ме донесе до ова место. Не живеам во страв, немам тајни и знам дека секогаш ќе бидам добро бидејќи без разлика на сè, знам која сум. Кога бев помлада, мислев дека успехот е нешто различно. Мислев дека успех е да бидам славна, да станам ѕвезда, да возам убави автомобили... Мојата идеја за успех е сосема различна денес. Дефиницијата за успех се менува. Успех е да го живееш својот живот со интегритет и да не потпаднеш на притисокот да бидеш нешто што не си. Успехот е да бидеш искрен и да придонесеш на некој начин... Следи ја својата страст, остани верен на себе, никогаш не следи нечиј пат освен ако не се наоѓаш во шума и си изгубен и гледаш пат што навистина треба да го следиш.

Животот е како еден голем Марди Грас, но наместо да ги покажете вашите гради, покажете им го на луѓето вашиот ум и ако им се допаѓа тоа што го гледаат, тогаш ќе имате многу повеќе можности“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот