X
 10.04.2019 Живот

Норвежаните решија да ѝ свртат грб на нафтата

Најголемиот западноевропски производител на нафта, Норвешка, се реши за радикален пресврт во својата политика кон нафтената индустрија.

Тамошната опозициска Лабуристичка партија реши да го промени ставот и да престане да поттикнува истражувања за нафта на подрачјето на Лофотските Острови на северот на Норвешка, што оформи големо мнозинство во парламентот против дупчењата за нафта на тоа подрачје.

Станува збор за прилично драматичен пресврт и силен удар на норвешката нафтена индустрија, кој укажува на тоа дека можеби ѝ се ближи крајот на ерата на нафтеното рударење, на чии крила оваа скандинавска нација стана една од најбогатите на светот.

Нафтените компании, на чело со најголемиот производител „Еквинор АСА“, истакнаа дека пристапот до Лофотските Острови е клуч за одржување на нивото на производство на кое биле сега.

Имено, се проценува дека на подрачјето на тие острови се наоѓаат меѓу една и три милијарди барели нафта и гас.

- Целата индустрија е изненадена и разочарана - истакна Карл Ерик Шјот Педерсен, првиот човек на Норвешкото нафтено здружение.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот