X
 10.04.2019 Образование

Пријавете се за стипендија во „Јахја Кемал“

Приватното средно училиште „Јахја Кемал“ објавува конкурс за доделување стипендии за средното образование. Приемниот испит ќе се одржува на 14 април (недела) во 11 часот во повеќе градови (Скопје, Тетово, Струга...). Можат да се пријават ученици од деветтите одделенија на: www.ykc.edu.mk/en/admission-form, a рокот за пријавување е до 13 април.



Услови за полагање на приемниот испит се:

- Ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата.
- Приемниот испит ќе се полага на македонски, албански, турски и на англиски јазик.
- За полагање на приемниот испит не е задолжително познавањето на англискиот и на турскиот јазик.
- Учениците ќе добијат попусти во проценти на школарината според дадената табела ако ги освојат првите 15 места на приемниот испит, посебно за Скопје, Струга и Тетово-Боговиње.

1.место - целосна стипендија,
2.место - 90 отсто стипендија,
3.место - 80 отсто 
4.место - 70 
5.место - 60
6.место - 50,
7., 8. и 9. место - 40
10.,11. и 12. место - 30,
13., 14. и 15. место - 20.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование