X
 10.04.2020 Живот

Онлајн-курсеви на Гете-институт Скопје - откријте нови можности, учете германски онлајн

Кризата е нов предизвик за сите нас, но воедно и шанса да научиме нешто ново. Гете-институт, со своите онлајн-курсеви, нуди можност за учење германски јазик од дома. Со оваа понуда се отвора можност сите граѓани на нашата земја да учат германски јазик во престижниот Гете-институт и на тој начин времето поминато во домашна самоизолација поради глобалната пандемија да го претворат во квалитетно поминато време за изучување нов јазик. Притоа посетителите на курсот дополнително добиваат можност за оптимална подготовка за испит на кој може да се стекнат со меѓународно признатиот Гете-сертификат.

- Онлајн-курсевите се шанса сите заинтересирани што сакале да го изучуваат јазикот, а немале време, да се охрабрат, да ја искористат моменталната ситуација која го зафати целиот свет и од удобноста на своите домови да си отворат нови можности, како што е изучувањето на германскиот јазик. Курсевите се флексибилни и се конципирани на тој начин што посетителите ќе можат да ги следат на место и во време кои самите ќе ги определат - појаснуваат од Гете-институт Скопје.

Сепак, како што објаснуваат од Гете-институт, тоа не значи дека ќе учите сами, туку ќе бидете дел од мала група од шест до 16 учесници и заедно ќе учите преку заеднички задачи и меѓусебна интеракција. Низ целиот процес за учење ќе ве водат тутори кои се квалификувани наставници по германски јазик. Од нив ќе добивате поддршка и информација за вашиот напредок, како и сугестии на што треба да посветите повеќе внимание. На онлајн-состаноците, пак, учесниците ќе имаат можност за зборуваат во живо со своите тутори и со останатите учесници од групата.

- Изминативе недели имав можност да имам онлајн-часови кои беа организирани на еден интересен, забавен, софистициран и најпрофесионален начин. Со многу добро направен вовед и насочување од страна на предавачите, и со соодветна платформа и материјали постојано бев активна, во континуитет со нивото кое го посетував и во просториите, а предавачите беа постојано тука за да го извлечат најдоброто од нас и да нè насочуваат. Освен што едукацијата беше организирана на највисоко ниво, би сакала да напоменам дека курсот е многу забавен, платформата е навистина интересна, прегледна и лесна за користење. Нестрпливо очекувам да продолжиме понатаму (и јас и моите две деца!) -  вели Ајда М. Ефендилер, која моментално посетува онлајн-курс.

Заинтересираните можат да се пријавуваат за изучување на германскиот јазик на сите нивоа, а повеќе информации за начинот на пријавување можат да најдат на следниот линк.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот