X
 10.05.2018 Култура

Конечно и во Саудиска Арабија жените ќе смеат да возат



Директорот на одделот за сообраќај во Саудиска Арабија, Мохамед ал-Басами, соопшти дека од 24 јуни оваа година жените ќе добијат дозвола да управуваат со автомобил, пренесува АФП.


Жена со бурка во кола како возач
(Фото: AFP)


„Исполнети се сите услови во кралството за да им се дозволи на жените да возат“, истакна Басами во официјалното соопштение.

Минатата година во септември забраната беше укината со кралски декрет.

На жените со навршени 18 години ќе им биде дозволено да аплицираат за возачка дозвола. Во неколку градови се отворени автошколи, а инструкторки ќе бидат Саудијки што се стекнале со возачка дозвола во странство.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура