X
 10.05.2018 Технологија

Ова се единствените вештини што роботите не ги поседуваат

Работодавците најмногу ги ценат уникатните човечки вештини како комуникација, соработка, решавање проблеми, организација, лидерство, соработка со корисниците и менаџмент, нешто за кое роботите не се доволно добри.

Мислењата на експертите за вештачката интелигенција и роботиката и нивното влијание врз човештвото и работните места во иднината се различни - големи промени и отпуштања сигурно ќе има, но рано е да се зборува за бројот на луѓе што ќе ги изгубат своите работни места поради роботите.

inteligencija
Фото: Thinkstock

Неодамнешно истражување спроведено на 20.000 работодавци од шест различни индустриски сектори, спроведено од компанијата „Менповер груп“, покажало дека моментално најмала опасност од отпуштање поради роботите и автоматизацијата имаат луѓето што работат директно со корисници (при што се мисли на комуникација со луѓе лице в лице, а не на телефонска и интернет корисничка поддршка) и работници во производство, иако не прецизира детално на што се однесува тоа бидејќи често се предупредува дека работниците на производните ленти се загрозени од автоматизацијата.

Повеќето компании што учествувале во ова истражување имаат намера да го задржат истиот број на вработени како и досега, а поради влијанието на автоматизацијата, некои дури во текот на наредните две-три години имаат намера да вработат нови луѓе.

Што се однесува до работните места загрозени од роботите и вештачката интелигенција, најголема опасност им се заканува на административните и канцелариските професии кои со текот на времето ќе ги замени автоматизацијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија