X
 10.05.2021 Забава

Оваа компанија ќе ви плати да го посетите Лас Вегас и да престојувате во луксузни хотели

Онлајн-обложувачницата „Бонусфајндер“ бара некој што ќе живее во Лас Вегас и ќе ги посети сите луксузни хотели. Можност за уникатно искуство, нели?

Доколку сметате дека сте вистинската личност, пополнете ја апликацијата, можеби вие ќе бидете кандидатот што ќе го посети Градот на Гревот, ќе престојува во луксузни хотели и ќе посети многу казина.

„Бонусфајндер“ ќе избере само еден кандидат, па затоа бидете креативни и објаснете зошто баш вие сте вистинската личност за таа работна позиција.

Избраниот кандидат ќе добие буџет за да ги покрие трошоците за летање до Лас Вегас, ќе има платено сместување за најмалку две ноќи, парична награда од 500 долари по завршувањето на работната задача и 2.000 долари што треба да ги потроши во казината. Иако можеби платата не е баш многу привлечна, искуството е.

На 7 јуни „Бонусфајндер“ ќе избере еден среќен кандидат.

Имајте на ум дека многу луѓе ќе се борат за оваа позиција, па потрудете се да бидете што покреативни. Не се појавува секој ден ваква можност.

ТУКА можете да аплицирате.

Извор: Thrillist.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава