X
 10.06.2016 Живот

Колку часа би требало да работите за да бидете здрави и среќни?

Повеќето од нас работат 40 часови неделно. Но, иако тоа е максималното дозволено време за работа, дел од нас работат повеќе, а тоа има последици.

Според законот, никој не смее да работи повеќе од 40 часа неделно. Овој закон е применет во повеќето од земјите ширум светот, иако некои напредни земји започнаа да ја намалуваат оваа бројка, а други пак не ја почитуваат.

Колку, всушност, би требало човек да работи?

Американскиот CDC објави дека оние кои ја надминуваат бројката од 40 работни часа неделно се изложени на повеќе здравствени ризици, а во исто време ја намалуваат својата продуктивност, што секако е контрапродуктивно. Меѓу некои од откритијата стои и дека работата од 10 или повеќе часови дневно го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести за 60%.

Оние кои работат од 50 до 60 часови неделно имаат 10% поголеми шанси за проблеми во врската додека таа бројка се зголемува на 30% за оние кои работат повеќе од 60 часови дневно. Прекувремената работа е поврзана со зголемената консумација на алкохол и тутун, зголемување на тежината кај мажите и депресија кај жените, како и многу здравствени проблеми како зголемен стрес, губење на апетит, несоница и намален имунитет. Изморените работници имаат и барем 25% намалена продуктивност.

Кое е решението?

Експертите препорачуваат спроведување на законот за 40 работни часови неделно (Франција неодамна донесе закон со кој се забранува испраќањето пораки и телефонски повици надвор од работното време), краток одмор во работниот ден, а подоцна и намалување на таа бројка во текот на годините. Некои експерти сметаат дека постарите од 40 би требало да работат само три дена неделно.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот