X
 10.06.2017 Живот

Знаци од девојките кои момчињата не успеале да ги забележат

Знаците можат да бидат прилично суптилна работа, а нивното погрешно сфаќање може да доведе до голема катастрофа. Но, дури и тогаш кога една девојка се обидува  јасно да ги претстави нејзините намери, некои момци едноставно не можат да сфатат, без оглед на тоа колку очигледни се работите.

Приказните во продолжение се доказ за тоа колку некои мажи не можат да сфатат.

1. Кога живеев со моето поранешно момче, една вечер, флертувајќи му предложив да се истушираме заедно за да „заштедиме вода“.
Неговиот одговор? „Зошто? Не плаќаме за вода“.

2. Јас: „Костумот одлично изгледа на тебе. Би изгледал уште подобро на подот“.
Тој: „Така би се изгужвал костумот“.

3. На една роденденска забава, се најдов во спална соба, како се бакнувам со една девојка. „Треба да си одиш пред да направиме нешто глупаво“, ми шепна таа. Јас кимнав со главата, станав и си отидов.

4. На едно патување од средно училиште, со нас беше и девојката во која бев лудо заљубен. Да скратам, завршивме бакнувајќи се во хотелот во соба преполна со луѓе. Таа ми рече дека треба да одиме во нејзината соба бидејќи нешто заборавила. Кога отидовме во собата, таа легна на креветот, а јас продолжив да клечам и да го барам нештото што таа го заборавила.

5. Бев заљубен во девојката која живееше до мене. Една вечер си испраќавме пораки на телефон, и во текот на разговорот ми рече дека отсекогаш сакала некој да ја бакне на дождот. Едно неделно дождливо попладне, добив порака од неа да се сретнеме близу нејзината куќа. Мојот одговор? „Будала си, надвор врни турва!“

6. Во средно, една девојка со која постојано си одев дома после училишните часови ме викна да се дружиме во нејзиниот дом. Додека седевме на каучот, ми рече дека нејзините родители нема да бидат дома неколку часа и ме праша дали сакам да играм „игри“ кои отсекогаш сум сакал да ги играм со девојче. Мојот одговор беше: „Не знам, можеби „Tekken“. Така, игравме „Tekken“. На нејзиниот кауч. Сами. Цели два часа.

7. Јас: Навистина сакам да спијам со висока девојка и да видам какво е чувството:
Атрактивната девојка: „Па, јас сум 175 сантиметри“.
Јас: „Не, мислев на 180 сантиметри“.
Приказната ме прогонува и ден денес.

8. Откако префрлив дома една девојка после првиот состанок, таа ме покани кај неа дома на „кафе“. Јас одбив. Изговорот? Дека е доцна и дека нема да можам да спијам од кафето. И си отидов. Навистина не спиев, бидејќи не можев да поверувам колкав идиот сум бидејќи не сфатив што значеше „кафе“.

9. Девојката: „Можеш да ме испратиш до дома? Ми е страв во темница“.
Јас: „Можам да ти ја видам куќата од тука, светлата се запалени. Пиши ми порака кога ќе влезиш“.

10. Отидов на состанок со една девојка, и на крајот, кога ја испраќав таа ме праша дали сакам да преспијам кај неа. Си помислив одлична прилика бидејќи бев на работа наредниот ден, а таа живееше блиску до моето работно место. Буквално легнав во нејзиниот кревет, ѝ посакав добра ноќ, се свртив и заспав.

11. Испраќав една девојка кога таа одеднаш ме бакна и ме праша дали сакам да одам кај неа бидејќи нејзините родители не биле дома. Јас реков не бидејќи сакав да си одам дома навреме и да го гледам „Rex Hunt's Fishing Adventures“.

12. Згодни девојки надвор од барот сакаа да ги фотографирам со мојот телефон. Една од нив ми рече: „Да ти го дам мојот број за да можеш да ми ја испратиш сликата“. Мојот одговор: „Можам да ве сликам и со вашиот телефон“.

13. Девојка од класот ме праша дали може да учиме заедно по еден предмет. Еден другар слушна и рече дека сака да ни се придружи.
Ни ја испрати адресата и времето. Кога пристигнав, таа ми отвори облечена во бикини и дома сама. Рече дека се сончала, па ме замоли да одам во нејзината соба додека таа се пресоблекуваше. Гледав настрана за да бидам учтив. Другарот се појави 30 минути подоцна бидејќи таа му рекла да дојде 30 минути подоцна, од времето што ми го кажа мене.

14. Девојката: „Сакаш девојка?“
Јас: „Не, ги мразам сите што се во собата“.

15. Го прашав дали сака да одиме во мојата студентска соба да гледаме „Netflix“. Гледавме „Parks and Rec“ цели два часа, а потоа си отиде дома без да ме допре ниту еднаш.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот