X
 10.06.2019 Култура

Половина од сите преведени книги во САД се од само девет земји

Минатата година во САД биле објавени 632 книги поезија и фикција што никогаш порано не биле преведени. Тоа беше петтата година по ред како во САД биле објавени повеќе од 600 преводи. Колку за споредба, секоја година од 2008 до 2010 година биле објавувани помалку од 400 преведени книги.

На што се должи зголемувањето на бројот на преведени книги? Чад Пост, одржувач на „Транслејшн датабејс“, верува дека причина за тоа се два фактора. Прво, големиот број нови издавачки куќи фокусирани на преводи, кои се отвориле во текот на последните неколку децении, а втората е огромната популарност на неколку неодамнешни преводи.

Преведени книги поезија или фикција што биле издадени во САД
Фото: Quartz

И покрај тоа што има зголемување на бројот на преводи, тие книги доаѓаат само од неколку земји. Од речиси 5.800 книги поезија и фикција што биле преведени од 2008 до 2018 година, повеќе од половина биле од само 9 земји, од кои 7 се во Европа. Другите две земји се Јапонија и Кина. Повеќе од 10 отсто од книгите оригинално биле објавени во Франција. Во текот на тој период само по една книга била преведена од Бенин, Етиопија, Киргистан, Мадагаскар, Мали и Мјанмар.

Нееднаквоста делумно е поради тоа што во некои земји се објавени многу поголем број книги. Според Меѓународната асоцијација на издавачи, во Франција во 2015 година биле објавени речиси 107.000 книги, а во Германија околу 90.000. Асоцијацијата не наведува бројки за земји како Бенин и Етиопија, но тие речиси сигурно се многу помали.


Потекло на преведените книги објавени во САД
(Фикција и поезија 2008-2018)
Фото: Quartz

Како резултат на ова, само тројца најпреведувани автори од изминатата деценија не се од Европа.



Автори со најмногу преведени книги објавени во САД од 2008 до 2018 година
Фото: Quartz

Пост истакнува дека често има зголемување на бројот на преведени книги од некоја земја бидејќи владите на тие земји нудат грантови за преведување литература од нивните земји. Таков е случајот со Јужна Кореја, каде што владата плаќа за преводи, делумно во обид да добијат Нобелова награда за литература.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура