X
 10.06.2020 Здравје

125 новозаразени со коронавирус од кои 89 од Скопје. Ресен првпат со позитивен случај

Во последните 24 часа се направени 1.019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на Kовид-19, соопшти Министерството за здравство. Најмногу новозаразени има во Скопје. Денеска имаме и 7 смртни случаи, а 6 оздравени пациенти.

Новозаразените по градови се:

- Скопје 89
- Куманово 4
- Штип 2
- Прилеп 2
- Тетово 11
- Струга 3
- Велес 1
- Охрид 8
- Гостивар 1
- Струмица 2
- Кичево 1
- Ресен 1

МЗ соопшти дека денеска починале 7 пациенти.

- На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79 г.) хоспитализиран на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66 г.) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54 г.) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46 г.) која починала при прием во амбулантата. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје (77 г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73 г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај – известија од Министерството.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.

- Скопје 1
- Прилеп 1
- Велес 4

Досега во земјата се направени вкупно 39.033 тестирања за Ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на Ковид-19.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Кови-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.364, бројката на оздравени пациенти е 1.664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.536.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје