X
 10.06.2022 Живот

Онлајн состаноците нѐ прават помалку креативни

Се чини дека онлајн состаноците имаат негативно влијание врз сите нас, според едно истражување. Истражувачите велат дека видеосостаноците го потиснуваат разменувањето и креирањето нови идеи бидејќи сме многу фокусирани на лицето на екранот и не можеме да мислиме на нешто друго.

Кога станува збор за креирањето нови идеи, за што е потребна креативност, гледањето во лица на екранот не му дозволува на мозокот да работи најефикасно. Без разлика дали гледате во себе или во другите лица на екранот, ова може да биде проблем.


Фото: Pixabay

Истражувачите велат дека на видеосостаноците се очекува да гледате во лицата на екранот, иако во реалноста таквото гледање може да биде непристојно.

Едно друго истражување покажува дека состаноците помеѓу две лица може да бидат приближно добри за креирање нови идеи како и разговорите во живо. Во истражувањето спроведено на 745 пара инженери, оние што разговарале во живо се сетиле на една идеја повеќе од оние што разговарале онлајн.

Освен тоа, идеите на оние што дискутирале во живо биле оценети како покреативни од страна на независни експерти.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот