X
 10.07.2017 Наука

Астероидот кој удри во Месечината и предизвика огромна експлозија

Метеор со експлозивна сила од десет крстосувачки ракети ја удри Месечината на 17 Март, 2013 година и предизвика огромна експлозија што можеше да се види со „голо“ око.

Застрашувачкиот удар од 90.000 километри на час што го забележале научниците во НАСА, кои предупредуваат на катастрофална опасност од слични метеори со кои се соочува Земјата, го предизвикал вселенски камен кој не бил потежок од 40 килограми.

Иако овој метеор има мали димензии, штетата од ударот била огромна и предизвикала експлозија светла колку четири ѕвезди. Ако паднеше на Земјата ќе предизвикаше кратер длабок 20 метри и зона на уништување, а силината од ударот би била како одеднаш да нѐ удриле 10 крстосувачки ракети „томахавк“.

Стручните лица стравуваат дека бројот на жртви би се мерел во илјадници.



За разлика од Месечината, Земјата има атмосфера што ја штити и во која согоруваат повеќето космички остатоци. Меѓутоа, поголемите метеори понекогаш се пробиваат, како што се случи неодамна во Челјабинск во Русија, каде што астероид со должина од 20 метри и брзина од 70.000 километри на час ја проби атмосферата и експлодира со силина како 33 експлозии во Хирошима.

За среќа, благодарејќи на брзината и аголот на влез, стената експлодирала додека уште била во воздух, но повторно беа оштетени 7.200 згради, а 1.500 луѓе се здобија со сериозни повреди поради што побараа лекарска помош.

„Во изминатите осум години, НАСА ја набљудува Месечината и ги следи знаците на експлозии предизвикани од метеори“, изјави гласноговорникот на science.com.

„Ова беше најголемата експлозија откако постои оваа програма. Блесна десетпати посилно од сѐ што претходно сме виделе. Можеше да ја забележи секој што гледал во Месечината во моментот на ударот, не му беше потребен телескоп.“

НАСА е загрижена заради можностите удар од астероид да го уништи целиот живот на Земјата, поради што почнала со првата фаза проектирање на вселенско летало познато како DART (Double Asteroid Redirection Test), а чија цел е да ги пренасочува астероидите.

На тој проект НАСА соработува со ЕВА (Европската вселенска агенција).

Стручните лица се надеваат дека до 2022 година ќе ја изведе првата вселенска проба и ќе се обиде да помести безопасни астероиди.  


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука