X
 10.07.2021 Живот

Во Мексико се гради железничка станица според дизајн на Маите

Античката цивилизација на Маите го вметнувала своето наследство во камен пред повеќе од илјада години, а нејзините генијални дизајни од тоа време се користат и денес.

На мексиканската железничка станица долга 1.525 километри се гради нова станица, со употреба на техники од античката книга за игри на Маите.

Проектот ќе го работи мексиканско-англиското студио за архитектура „Аидија“. Нивната замисла е огромен закосен покрив во облик на јаболко и платформа чиј покрив ќе биде со ситни ромбоидни стакла, што ќе го пропушта воздухот, но не му дозволува на дождот да навлезе, инспириран од методите на градење на Маите.

- Климата на полуостровот Јукатан е тропска, со дождови и висока влажност во текот на летото. За да се справиме со екстремното време, планираме голем отворен мрежен покрив, полиран на одредени места, овозможувајќи јавни полуотворени простори што ќе функционираат без механичка вентилација - пишуваат дизајнерите.

1

- Сончевата светлина ќе пробива низ покривот и ќе проектира сложени геометриски обрасци на ѕидовите и подовите на станицата, играјќи со светлината и сенките - додаваат тие.

Маите обожавале да си играат со сенките, а светлината од сонцето и сенката често имале некаква функција на нивните згради.

3

Железничката станица е дизајнирана да донесе одржливост и низок јаглероден отпечаток, така што недостигот на механизирана вентилација елиминира некои емисии, додека околината изобилува со дрвја и зеленило.

- Во текот на процесот на дизајнирање, нашата цел беше да ѝ дадеме на станицата некои од најпознатите карактеристики на архитектурата на Маите; симетријата, монументалноста, геометриското усогласување и варовникот се нешта што Маите постојано ги користеле во нивната архитектура. Затоа се обидовме да го испочитуваме ова наследство, единствено што го интерпретиравме на современ начин - велат дизајнерите.

3

Изградбата треба да почне за 6 месеци, а архитектонската фирма се надева дека станицата ќе биде завршена за железничката линија Трен Маја, која ќе го поврзува Паленке (друг познат град на Маите) со Канкун.

Извор: Good News Network
Фото: Aidia Studio
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот