X
 10.08.2016 Живот

Откријте го вашиот кинески хороскопски знак

Aко го кажете некому вашиот кинески хороскопски знак, тоа значи дека откривате доста работи за себе.

Со оглед на тоа што кинеските нови години ротираат помеѓу 12 животински знаци, кога го кажувате вашиот кинески знак вие индиректно ја кажувате вашата возраст.

За разлика од западниот хороскоп кој ја дели годината на 12 знаци поврзани со соѕвездијата, кинескиот циклус е секоја година и нема поврзаност со ѕвездите.

Традиционално, Кинезите верувале дека одредени знаци на животните се согласуваат подобро со другите, а некои имаат поголема среќа од другите.

Така на пример, змејовите се знак на власт и просперитет, што значи дека некои родители имаат за цел да добијат дете во 2012 година кога стапката на наталитет се зголемила за 5%.

ШаоЛан Хсеух, технолог и претприемач неодамна држеше ТЕД говор за кинескиот зодијак кој објаснува како некои од суеверијата поврзани со знаците се се'уште присутни и денес.

„Многу Кинези донесуваат инвстициски одлуки врз основа на индексот на хороскопскиот знак. Иако верувањето и традицијата на хороскопскиот знак е присутно над илјада години, трендот на неговото користење во поголемите одлуки не беше присутен до изминатите неколку децении“. 

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот