X
 10.08.2018 Живот

САД ќе формираат род на армијата така наречени Вселенски сили

 Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска ги објави плановите за формирање на шестти род на армијата така наречени Вселенски сили до 2020 година.

- Потребно да се обезбеди доминација на САД во Вселената, по зголемената конкуренција и порастот на закани од Кина и од Русија, истакна Пенс.

Тој формирањето на Всленеските сили го опиша како „идеја, на која и е дојдено времето“ за реализација.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави формирање на „одвоени, но еднакви“ Вселенски сили.

За каков било предлог за формирање на нови Вселенски сили потребно е да се изјасни Конгресот

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот