X
 10.08.2021 Наука

Во овој астероид има толку скапоцен метал што може да го направи секој човек на Земјата милијардер

Научниците сметаат дека астероидот „Сајки 16“ широк речиси 200 километри, кој орбитира околу Сонцето во астероидниот појас, вреди повеќе од 10.000 квадрилион долари.

Астероидот за првпат бил забележан во март 1852 година. Се верува дека станува збор за остаток од протопланета уништена од судири додека се формирал Сончевиот систем. „Сајки 16“ ќе биде примарниот фокус на најновиот проект на НАСА, кој треба да биде лансиран во август 2022 година. Вселенското летало, кое ќе биде дел од мисијата на НАСА за проучување на астероидот, ќе пристигне четири години по започнувањето на мисијата, односно на почетокот на 2026 година.

Ова ќе биде првото истражување во свет на метал отколку на камења и мраз. Научниците сметаат дека овој астероид спаѓа во типот М затоа што содржи метал, за разлика од повеќето астероиди кои се или карпести или ледени. Астероидот е толку полн со метал што би ги направил сите луѓе на Земјата, милијардери.

1
Фото: NASA

Според набљудувањата од научниците, овој астероид се состои главно од метално железо и никел, слични како на Земјата. Научниците тврдат дека металната површина на астероидот е составена од најмалку 30 отсто метал, а карпите на површината имаат метални зрна.

Овој скапоцен метален астероид е трипати подалеку од Сонцето отколку од Земјата, со просечна големина од околу 1/16 во дијаметар од Месечината.

- Наодите се чекор кон решавањето на мистеријата за потеклото на овој необичен објект, за кој некои мислеа дека е дел од јадрото на некоја протопланета - велат истражувачите.

asteroidi
Фото: NASA

- Сметаме дека фрагменти од јадрата, мантиите и кората на овие објекти остануваат во форма на астероиди. Ако тоа е вистина, ова ни дава уникатна можност директно да ги проучуваме јадрата на објекти слични на планетата - вели Кетрин де Клер, професорка по планетарна наука и астрономија.

Проучувањето на такви релативно мали објекти кои се толку далеку од Земјата претставува значаен предизвик за планетарните научници.

Извор: Daily Mail
Фото: NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука