X
 10.09.2019 Живот

Фекалии од Јадранско Море регистрирани на снимки од вселената

Фекалиите во хрватскиот дел од Јадранот се видливи од вселената, пренесуваат хрватски медиуми.

Загадувањето на Јадранот има такви размери, што фекалии близу Водњан, Истра, се регистрирани дури и на снимки од вселената.

Експертите се согласуваат дека местата што се гледаат на сателитските слики на „Гугл мапс“ во областа недалеку од канализацијата кај Водњан потекнуваат од фекалии. Тие се видени на подрачјето околу Перој во Истра, на околу четири километри западно од Фажан, а нешто помалку северно од Бриони.

Проблемот е алармантен бидејќи фекалиите се шират кон националниот парк Бриони.

Според „Индекс“, локалните власти се жалат на стариот систем за третман на отпадни води и најавуваат изградба на нов систем. Но, професионалните нуркачи посочуваат дека градежниот проблем е во тоа што инсталирањето на еден метар цевка на длабочина од 50 метри чини околу 1.000 евра.

Загадувањето со фекалии не е случајност, туку масовен феномен, велат еколозите и предупредуваат за сличен проблем со испуштање канализација во Паг.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот