X
 10.09.2020 Живот

Пејачот Акон ќе ја гради Ваканда од „Црниот пантер“ во Африка

Музичкиот магнат Акон ќе го пренесе светот од филмот „Црниот партнер“ во реалноста - во Сенегал ќе гради град базиран на Ваканда, фиктивна земја во која се одвива дејството во филмот.

Музичарот го објавил планот на социјалните мрежи и веќе собрал една третина од предвидените 6 милијарди долари што му се потребни да го изгради градот.


Фото: Akoncity

Во моментов градот на Акон е само план, но зголемениот публицитет и неодамнешната смрт на главниот актер во филмот - Чедвик Боузман, сигурно ќе привлечат повеќе инвеститори.

Акон вели дека сака да го направи Сенегал прва локација за туристите од САД и Европа што сакаат да ја посетат Африка. Новиот град ќе игра голема улога во барањето решенија за економските предизвици со кои се соочува Сенегал.


Автор: Ерон Перин
Извор: comicbook.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот