X
 10.09.2021 Живот

Данска е првата земја во ЕУ што ги укинува сите ковид-ограничувања

Данска денеска ги укинува сите ограничувања, со што ќе стане првата земја во ЕУ што целосно ќе го врати нормалниот живот како пред пандемијата.

- Вакцините и големите напори на сите граѓани на Данска придонесоа за ова - изјави министерот за здравство Магнус Хејинке на „Твитер“ оваа недела.

Данските здравствени власти го одобрија овој потег кон крајот на август, откако објавија дека вирусот повеќе не е закана за општеството поради високите стапки на вакцинација и ниската инциденца на тешка болест и смрт.

Ковид-пасошот во земјата повеќе нема да се бара за влез во ресторани, спортски центри или ноќни клубови, а децата нема да се испраќаат дома ако имале близок контакт со позитивна ковид-личност. Само заразените одат во карантин. Луѓето можат нормално да се вратат во канцеларија, а училиштата се отворени.

Овој потег е најнов во одлуките на земјата за олеснување на мерките, вклучително и укинување на условот за носење маски на јавни места. Укинувањето на мерките доаѓа откако другите скандинавски земји, на пример Шведска, почнаа со укинување на ограничувањата на крајот од септември.

danska
Фото: Freepik

Прашање на доверба

За жителите на Данска, супер звучи враќањето во времето пред пандемијата. Кога беше укинато последното ограничување за носење маски, на пример, контролорите на билети во патничките возови весело ги информираа маскираните патници дека можат да ги тргнат од лицето. Туристите сепак одлучија да ги задржат. Во меѓувреме, во „Глиптотекет“, уметнички музеј во центарот на Копенхаген, посетителите се собраа да го искористат неделниот бесплатен влез, без носење маски и без физичко дистанцирање.

Заедно со успешното воведување вакцини, експертите посочија дека високото ниво на доверба во властите помогна во повторното отворање на земјата. Речиси три четвртини од возрасните се целосно вакцинирани и стапките на хоспитализација на ковид-19 се ниски.

Еден збор што некои го користат е „самфундсинд“ или социјална грижа. Тоа укажува на силно чувство на општествена одговорност и отчетност во данското општество. Туристите се изненадени кога родителите ги оставаат своите деца во детски колички пред кафулињата и рестораните. Спротивно на Данска, во другите земји во Европа довербата во властите за справување со коронавирусот е значително помала.

- Ако постои ниско ниво на доверба во властите, тогаш ќе бидат потребни повеќе драконски закони за да се намали ширењето на коронавирусот - вели Герт Тингард, професор по политика на Универзитетот во Архус.

Извор: Politico.eu
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот