X
 10.09.2021 Живот

Нетфликс „киднапира“ 100 обожаватели на „Куќа од хартија“ за да не шират спојлери

На сите ни е познато колку е мачно да се чекаат новите епизоди од омилената серија, но според многумина, случајните спојлери се уште полоши.

Авторите на популарната серија „Куќа од хартија“ (La casa de papel), чија долгоочекувана сезона излезе пред неколку дена, успеаја да ги претекнат најголемите обожаватели на серијата за другите луѓе да можат мирно да ги гледаат епизодите.

„Нетфликс“ ги идентификува 100. најголеми обожаватели, но и луѓе познати по тоа што откриваат детали и им рече да одат на аеродром за да летаат до Мадрид за специјална проекција на новата сезона.

Сепак, тие не знаеја дека ќе бидат „заложници“ во авионот и дека ќе треба да им бидат исклучени телефоните. Во авионот беа неколку часа, колку што им било потребно да ги изгледаат сите епизоди, а да не им откријат на другите на интернет какви било детали.

За сето ова во авионот ги извести Професорот, еден од главните ликови во серијата.

Идејата била обожавателите да немаат можност да ги споделат деталите за серијата на социјалните мрежи.



Извор: lbbonline.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот