X
 10.09.2022 Живот

Европски градови најавуваат промени во божиќното украсување поради цените на енергијата

За оние што ги поврзуваат божиќните празници и зимата со лизгање, оваа зима може да биде разочарувачка, особено во Белгија. Таму некои градови нема да имаат лизгалишта поради растот на цените на енергијата и за да заштедат струја.

Она што некогаш било вообичаено околу божиќните саеми сега повеќе нема економска смисла. Белгискиот град Њупорт, кој има 11.000 жители, ќе го замени лизгалиштето со простор за ролери.

Градоначалникот на овој град, Гирт Ванден Броук, објасни дека вообичаените божиќни украси и понатаму ќе бидат присутни, иако нема да има лизгалиште. Минатата година градот имал патека за лизгање околу божиќниот саем, а оваа година таа ќе биде пренаменета за ролери.


Фото: Pixabay

Во градот Јабеке, кој се наоѓа во близина на Бриж, властите изјавија дека ќе постават пластично игралиште за карлинг. Поради пандемијата, градот немал лизгалиште од 2019 година, а минатиот пат лизгалиштето чинело околу 40.000 евра. Според процените, сега тоа би чинело над 70.000 евра.

Истовремено, властите во Бриж ќе постават лизгалиште од пластика трета година по ред, додека другите белгиски градови сè уште размислуваат за алтернативи.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот