X
 10.10.2021 Живот

Приказната за холандскиот херој што спасил илјадници луѓе од холокаустот

Меѓу стотици илјади приказни за жртви, херојство и храброст што се појавија меѓу еврејските заедници низ Европа за време на Втората светска војна има една приказна што се појави по 45 години од смртта на херојот.

Холанѓанецот Јан Цвартендик, обичен човек кој стана вистински херој за време на Втората светска војна, сега е предмет на нова биографија наречена „Како шест неверојатни херои спасија илјадници Евреи од холокаустот“ во која детално се опишува неговото херојство - спасил 10.000 Евреи за време на холокаустот помагајќи им да избегаат од Европа.

Во 1939 година Цвартендик ги презел должностите како конзулат во тогашниот главен град на Литванија, Каунас, во име на холандската Влада во егзил, откако Холандија била окупирана од нацистичка Германија. Цвартендик работел во продавница на брендот „Филипс“, каде што продавал грамофони, светилки и друга стока од филијалата во Каунас, пред да добие неплатена позиција како конзул.

Набргу по окупирањето, еврејските бегалци од Полска, кои побегнале по инвазијата на Црвената армија во 1940 година, почнале да тропаат на неговата врата барајќи помош. Соочен со опасен избор, Цвартендик го направил она што секој би го направил кога би бил на негово место, вели неговиот син.

Тој им издал 2.139 визи за пасош на еврејски семејства за влез во холандската карипска колонија Курасао, знаејќи дека неговиот потпис на скриптата и зелениот печат може да ги одведат до островот. Останало само да се надева дека локалните власти, чие одобрување било потребно за Евреите да влезат во земјата, ќе им дозволат да влезат.

1
Листите од транзитните визи што Чиуне Сугихара ги чувал во Каунас
Фото: Канцеларијата за дипломатска евиденција на јапонското Министерство за надворешни работи

Потегот на Цвартендик спасил повеќе луѓе отколку што спасил Оскар Шиндлер.

Холанѓанецот чии визи им овозможиле на оние што бегале од војната да најдат дом не бил единствениот храбар човек што работел како конзул во главниот град на Литванија во тоа време.

Јапонецот Чиуне Сугихара помогнал преку Трансибирската железница бегалците да имаат сигурно бегство од Европа.

Сугихара и Цвартендик биле осудени од нивните влади, но подоцна биле почестени како херои иако било потребно уште многу време за да се признае дека дејството на Цвартендик било херојски чин.

Сугихара добил „Праведник меѓу народите“, највисока почест доделена на не-Евреин од државата Израел, две години пред да почине во 1986 година. Тој бил дел од наставните програми во Јапонија, добил веб-страница на „Википедија“, спомен-обележја и друго.

Од друга страна, Цвартендик бил заборавен и не ја добил наградата „Праведен меѓу народите“ сѐ до 1997 година. Се проценува дека 95 отсто од сите луѓе што ја напуштиле Европа со визата на Цвартендик успеале да останат слободни.

Оттогаш, Општината Каунас подигна спомен-обележје за господинот Цвартендик пред корпоративната канцеларија во која работел порано. Тоа е достојно признание за човек што историските книги нема да го заборават повторно. Кога ја прочитал биографијата за неговиот живот, Стивен Спилберг напиша: - Да ја знаев приказната на Јан Цвартендик порано, ќе снимев филм за него.

Извор: Good News Network
Фото:  Zwartendijk family
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот