X
 10.11.2020 Наука

Научниците откриле два нови вида цицачи во Австралија

Во Австралија биле откриени два нови вида животни што ѝ припаѓаат на групата цицачи. Тоа се летачки посуми што живеат во шумите во Австралија.

Откритието, кое било претставено во истражување, покажува дека има повеќе видови летачи отколку што се мислело досега. Истражувачот Кара Јангентоб вели дека откритието доведува до нова поделба на видот големи летачи и го потенцира недостигот на информации за другите можни видови големи летачи.


Фото: Nature

Истражувачите ги потврдиле разликите во ДНК на видовите летачи со генски тестови. Според оваа поделба, големиот летач сега се дели на три различни вида што живеат во јужните, средишните и северните региони во Австралија.

Видот летачи се смета за загрозен поради уништувањето на нивните живеалишта во Австралија.

Автор: Бони Бартон
Извор: cnet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука