X
 10.11.2020 Образование

Ова се најдобрите научници на УКИМ за 2019 година

Оваа 2020, како година на глобални предизвици кога човештвото се соочува со пандемија од невидени размери, императив е спрегата на ефикасна примена на научните резултати во интерес на заштита на здравјето, рече ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, на онлајн-обраќањето по повод Светскиот ден на науката за мир и развој на УНЕСКО. Годинашната тема за одбележување на денот е „Наука ЗА и СО општеството“.

Јанкуловски ги промовира најдобрите научници и уметник на УКИМ во одделни научноистражувачки подрачја, кои постигнале врвни научноистражувачки резултати во изминатата 2019 година. За најдобри научници се промовирани:

- Проф. д-р Зоран Гучев, Медицински факултет;
- Проф. д-р Кирил Сотировски, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“;
- Проф. д-р Сузана Топузовски, Природно-математички факултет;
- Проф. д-р Трена Јорданоска, Факултет за музичка уметност;
- Проф. д-р Николина Паламидовска-Стерјадовска, Економски факултет;
- Проф. м-р Љубиша Кировски, Факултет за музичка уметност (во категоријата уметник).

Потоа се одржа трибина на тема „Отворена наука (Open Science)“, што е во согласност со овогодишниот фокус на Светскиот ден на науката. Идејата за отворена наука е визија на Европската комисија за градење инфраструктура за европски облак на отворена наука (European Open Science Cloud(EOSC)), кој би требало да стане реалност во 2021 година, како виртуелна средина за сите истражувачи да може да чуваат, управуваат, анализираат и повторно да користат податоци за истражувачки, иновативни и образовни цели.

На оваа тема свои излагања имаа д-р Никола Стиков, професор по биомедицински инженеринг на Политехничкиот факултет при Универзитетот на Монтреал, Канада, и д-р Владимир Трајковиќ, редовен професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на УКИМ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование