X
 10.11.2022 Образование

На УКИМ доделени награди за најдобри научници и уметник и плакети за посебен придонес при одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го одбележа Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември, кој по две пандемиски години, се одржа со физичко присуство, во аулата на Ректоратот на Универзитет.

Традиционално, Универзитетот го одбележува Светскиот ден на науката со промоција на најдобрите научници и уметник на Универзитетот за достигнувањата реализирани во изминатата календарска година. Годинава, овој настан беше збогатен со доделување на плакета за посебен придонес во развојот на научноистражувачката дејност на Универзитетот и исклучителни достигнувања во целокупната кариерата.

Доделени се награди на најдобри научници и уметник во 2021 година:

-во научното подрачје на природно-математички науки со врвни резултати за 2021 година е избрана д-р Рената Ќуштеревска, вонреден професор на Природно-математички факултет;

-во научното подрачје на техничко-технолошките науки со врвни резултати за 2021 година е избран д-р Петре Ламески, вонреден професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство;

-во научното подрачје на медицински науки со врвни резултати за 2021 година е избран д-р Игор Спироски, вонреден професор на Медицинскиот факултет;

-во научното подрачје на општествени науки со врвни резултати за 2021 година е избрана д-р Виолета Цветковска, вонреден професор на Економскиот факултет;

-во научното подрачје на хуманистички науки со врвни резултати за 2021 година е избрана д-р Лидија Тантуровска, научен советник на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“;

-за најдобар уметник за 2021 година е избрана м-р Дарија Андовска, редовен професор на Факултетот за музичка уметност.



Доделени се плакети за посебен придонес во развој на научноистражувачката дејност и интернационализацијата и афирмација на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и тоа:

1. На проф. д-р Трајче Стафилов, редовен професор (во пензија) на Природно-математичкиот факултет во знак на признание за посебен придонес, во две категории:

· за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (199 заклучно со 2021),

· за исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.



2. На проф. д-р Марјан Гушев, редовен професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во знак на признание за посебен придонес, во две категории:

· за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (158 заклучно со 2021)

· за најголем број научни публикации на Web of Science во изминатата деценија 2011 – 2020.



3. На проф. д-р Лилјана Гавриловска, редовен професор (во пензија) на Факултетот за електротехника и информациски технологии во знак на признание за посебен придонес, во две категории:

· за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (116 заклучно со 2021),

· за раководење на најголем број меѓународни проекти во периодот на интегриран универзитет 2009 -2021 година.



4. На академик проф. д-р Љупчо Коцарев, редовен професор (во пензија) на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во знак на признание за посебен придонес, во две категории:

· за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (106 заклучно со 2021),

· исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.

5. На проф. д-р Гоце Спасовски, редовен професор на Медицинскиот факултет му се доделува во знак на признание за посебен придонес, во категоријата:

· за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (114 заклучно со 2021).

6. На проф. д-р Иван Грозданов, редовен професор (во пензија) на Природно-математичкиот факултет во знак на признание за посебен придонес, во категоријата:

· за исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.



7. На академик проф. д-р Леонид Грчев, редовен професор (во пензија) на Факултетот за електротехника и информациски технологии во знак на признание за посебен придонес, во категоријата:

· за исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.

На настанот пред присутните се обрати ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, проректорката за наука проф. д-р Валентина Гечевска, добитничката на награда за 2021 година проф. д-р Лидија Тантуровска и добитниците на Плакета на Универзитетот, академик проф. д-р Љупчо Коцарев и проф. д-р Лилјана Гавриловска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование