X
 10.12.2021 Наука

Маска што свети кога е изложена на ковид-19

Истражувачи од Јапонија создале маска за лице која свети под ултравиолетова светлина кога е изложена на коронавирусот.

Истражувачи од Универзитетот во Кјото ја создале маската за да им помогнат на тие што ја носат полесно да препознаат ако биле во контакт со коронавирусот. Истражувачите чекаат одобрување од Владата за изумот и може да почнат со продажба на маската уште во 2022 година.

Маската има специјален филтер кој е испрскан со флуоресцентна боја во која има антитела од јајца на ној. Кога е во контакт со коронавирусот, заразениот регион од филтерот свети силно под ултравиолетова светлина.


Фото: Pixabay

Јасухиро Цукамото, главниот истражувач, открил дека антителата од јајца од ној може да се произведуваат лесно и евтино. Затоа, целта е овој процес да стане лесен метод за тестирање кој секој ќе може да го користи во иднина.

Цукамото открил дека се заразил со коронавирусот додека ја тестирал маската. За време на тестирањето истражувачите спровеле експерименти со 32 лица заразени со коронавирусот, но потребни се дополнителни тестови пред да се побара одобрување од властите.

Извор: Futurism
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука