Пред точно половина век астронаутите на „Аполо 17“ ги испратиле првите детални фотографии од Земјата.
За да се одбележи 50-годишнината од фотографијата наречена „Сина џамлија“ (Blue marble), компанијата „Ливинг ерт оркестра“ (ЛЕО), во соработка со компанијата „Планетари вижнс“ и НАСА, објави видео кое покажува колку се сменила планетата во овие 50 години.
ЛЕО развива технологија за објавување фотографии од планетата и има планови да испрати повеќе сателити кои постојано ќе прават фотографии од Земјата.
Фотографијата „Сина џамлија“ била направена на 7 декември 1972.
Извор:
Sky news
Насловна фотографија:
Wikipedia