X
 11.01.2022 Култура

Без црвен тепих и без пренос во живо, доделени наградите „Златен глобус“

Се одржа уште една церемонија за доделување на наградите „Златен глобус“, но без црвен тепих бидејќи многу ѕвезди ја бојкотираа по критиките во 2021 година бидејќи организаторите ХФПА постапувале со сомнителни етички политики и без доволно различност меѓу членовите на жирито.

Наградите немаа ниту официјален телевизиски пренос. ХФПА (Холивудска странска прес-асоцијација) го прошири своето членство и ја ревидира својата политика, но церемонијата се одржа зад затворени врати. Добитниците беа објавени преку социјалните мрежи и на веб-страницата на „Златен глобус“. Овие награди се, барем досега, најдобриот предвидувач на она што се очекува на „Оскарите“.

Римејкот на филмот „Приказна од западната страна“ во режија на Стивен Спилберг беше прогласен за најдобар мјузикл или комедија. Ѕвездата на филмот, Рејчел Зеглер беше наградена за најдобра женска улога во мјузикл или комедија, додека Никол Кидман освои „Златен глобус“ за најдобра актерка во драмата „Да се биде Рикардо“.

„Златен глобус“ за најдобра драма доби филмот „Моќта на кучето“. Најдобар актер во филм-драма е прогласен Вил Смит за улогата на кралот Ричард, додека за најдобар актер во мјузикл или комедија - Ендрју Гарфилд за неговата улога во филмот „Тик, тик... бум!“

„Златен глобус“ за најдобра режија му припадна на Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“, додека „Златен глобус“ за најдобар филм на странски јазик доби јапонскиот „Вози го мојот автомобил“.

Што се однесува до наградата за најдобра серија, доминираше „Следоред“ која ја доби наградата за најдобра серија, најдобар главен актер (Џереми Стронг) и најдобар спореден актер (Киран Калкин и Сара Снук).

Организаторите преку „Твитер“ ја информираа јавноста за освојувањето на наградите.


По ваквата неуспешна организација, прашање е кога оваа некогаш престижна награда ќе биде укината.

Ова се некои од добитниците:

Најдобар филм, драма:
„Моќта на кучето“
Најдобар филм, мјузикл или комедија: „Приказна од западната страна“
Најдобра актерка во филм, драма: Никол Кидман, „Да се биде Рикардо“
Најдобар актер во филм, драма:
Вил Смит, „Кралот Ричард“
Најдобар актер во филм, мјузикл или комедија: Ендрју Гарфилд, „Тик, тик... бум!“
Најдобра актерка во филм, мјузикл или комедија: Рејчел Зеглер, „Приказна од западната страна“
Најдобар режисер: Џејн Кемпион, „Моќта на кучето“
Најдобро сценарио: Кенет Брана, „Белфаст“
Најдобар анимиран филм: „Енканто: Магичниот свет“
Најдобар странски филм: „Вози го мојот автомобил“
Најдобра песна од филм: „No time to die“, Били Ајлиш и Финеас О'Конел
Најдобра ТВ-серија, драма: „Следоред“
Најдобра актерка во ТВ-серија: „Поза“, МЈ Родригез
Најдобар актер во ТВ-серија: Џереми Стронг, „Следоред“
Најдобра мини-серија или ТВ-филм: „Подземната железница“

Извор: Noizz.rs | Golden Globes
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура