X
 11.02.2022 Здравје

Најлошите болки од кои може да страдаат луѓето, според лекарите

Болката може да биде субјективна бидејќи зависи од издржливоста на лицето. Меѓутоа, според Националниот здравствен сервис на Обединетото Кралство, има 20 здравствени состојби кои предизвикуваат најголема болка.

Меѓу другото, на листата се наоѓаат скршеница на коска, камен во бубрег и гинеколошката состојба ендометриоза. На листата се и артритисот и мигрените. Во продолжение е целата листа со најголеми болки по случаен редослед.


Фото: Pixabay

1. Херпес зостер
2. Кластер главоболки
3. Синдром на замрзнато рамо
4. Скршеница на коска
5. Комплексен регионален синдром на болка
6. Срцев удар
7. Дискус хернија
8. Српеста анемија
9. Артритис
10. Мигрена
11. Ишијас
12. Камења во бубрезите
13. Апендицитис
14. Тригеминална невралгија
15. Акутен панкреатит
16. Гихт
17. Ендометриоза
18. Чир на желудникот
19. Фибромијалгија
20. Болка по операција

Доктор Гери Лирој од Охајо изјавил за „Индепендент“ дека на листата би требало да се додадат уште две болки кои често се јавуваат кај пациентите, а тоа се болка во грбот и забоболка.

Хроничната болка во долниот дел од грбот погодува 80 отсто од населението во одреден период од животот. Освен тоа, забоболката може да биде екстремно силна, вели Лирој.

Извор: Independent
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје