X
 11.03.2019 Живот

Интернет-предизвик што ѝ е потребен на Македонија

Предизвиците на социјалните мрежи понекогаш можат да бидат многу забавни и корисни - како познатиот предизвик од 2014 година со кофата студена вода што го освои интернетот и успеа да ја подигне свеста за амиотрофичната латерална склероза и да се соберат пари за клинички истражувања што би им помогнале на заболените.

За среќа, повторно имаме предизвик во кој би требало сите да учествуваме.

Имено, неодамна на интернет едно младо момче постави фотографии пред и потоа од депонија што ја исчистил. По фотографиите луѓето се сетиле од ова да направат предизвик и да повикаат што повеќе млади луѓе да го направат истото.



Предизвикот го смислил Бајрон Роман од Аризона, иако тој не го започнал. Идејата толку им се допаднала на луѓето, што предизвикот за пет дена не само што го споделиле на сите можни мрежи туку е и преведен на различни јазици.

- Нов предизвик: Најди депонија, исчисти ја и објави фотографии пред и потоа. Ако сакаш нешто да промениш, почни од твојот крај. #trashtag.

We pulled a bunch of plastics from the bottom of the cliff at Delicate Arch! from r/pics
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот