X
 11.03.2020 Живот

Полици со книги нудат сосема нов свет за читателите

Велат дека не треба да ѝ судите на книгата според нејзините корици. Но, што ако кориците можат да ви ја раскажат целата приказна? Добре дојдовте во светот на книгите каде што креативноста е на највисоко ниво!

Овие рачно изработени креации ќе ве вовлечат во сосема чудесни места: од дупката на хобитот, апокалиптична патека инспирирана од Блејд Ранер до реплика на врата со тематика од „Господар на прстените“ со опремени сензори за движење. Фотографиите подолу докажуваат дека инспирацијата е бескрајна.

Не само што овој вид изработка е забавен начин за вежбање на креативноста, туку и може повторно да го направи читањето популарно. Неодамнешно истражување направено од центарот за истражување „Пју“ покажа дека четвртина од Американците не читаат книги во каква било форма. Истото истражување посочува дека веројатноста за читање е директно поврзана со богатството и нивото на образование. Додајте ги на ова високото ниво на несоница и полното работно време поради кое многумина од нас се исцрпени на крајот од денот и идејата за отворање книга се чини непривлечна.

Сега замислете се како шетате покрај полици за книги преполни со мини-светови. Тие ќе ви го привлечат вниманието така што ќе сакате да ѕирнете што нудат. Пионер на овој концепт е јапонскиот уметник Монде, кој ги вовел своите креации во уметничкиот настан „Дизајн феста“ во 2018 година и добил многу позитивни реакции.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Bored Panda
Фото: Reddit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот