X
 11.04.2017 Образование

Факти што сме ги учеле на училиште, а кои не се точни



Фото: Freepik

Човек може само да размислува дека нешто знае, а овие долготрајни митови се само потврда на тоа.

Со текот на времето, дури и работите кои ги сметавме за непобитни факти можат да станат предмет на преиспитување – затоа што знаењето постојано еволуира. Ова се некои нови сознанија кои се спротивни на она што го учевме на училиште:

Мит бр.1: Плутон е планета


Плутон се сметал за планета уште од времето на откривање во 1930 година, а во 2006 со одлука на Меѓународната астрономска унија (IAU) е исфрлен од списокот на планети и е преместен во класата на таканаречените „џуџести планети“: Церес, Хаумеа, Макемаке и Ерис. Интересно е дека Ерис има дури и поголема маса од Плутон.

Плутон е избришан од листата на планети заради тоа што е откриен значителен број небесни тела во Сончевиот систем кои имаат иста маса и карактеристики како и Плутон, а постои и дополнителна можност да се откријат нови. Со ова, бројот на планетите е намален од девет на осум, заради што се јави и потреба од менување на учебниците, енциклопедиите и друга литература, а и сите презентациски помагала во музеите.

Мит бр.2: Дијамантот е најтврдиот материјал


Уште од 2009 година се знае дека постојат два материјали кои се потврди од дијаматот – wuritze боровиот нитрид и лонсдејлитот. Првиот е 18-пати поотпорен на оштетувања и искривувања од дијамантот, а вториот за неверојатни 58 проценти. За жал, и двата материјали се многу ретки и нестабилни во природни услови. Но, најновите истражувања покажуваат дека убедливо најтврдата материја на светот е наноспоениот кубичен боров нитрид.

Мит бр.3: Вештерките биле живи спалувани


Иако навистина постојат случаи на жени кои биле обвинети за „вештерство“ и биле казнувани на смрт и живи спалувани, во повеќето случаи смртната казна се извршувала со бесење. Ова се однесува на голем дел од светот каде се спроведувале британските закони, додека практиката на спалување се применувала само во континентална Европа, односно во нејзините христијански земји. Така на пример, вештерките од Салем не гореле, туку умирале со скршен врат.

Мит бр.4: Израелски робови ги граделе пирамидите

Во филмовите, книгите па и во училиштата, со години се шири митот дека робови ги граделе пирамидите. Конкретно, тоа воопшто не е забележано во Библијата. Уште во 1977 година, поранешниот израелски премиер, Менахем Бегин, при посетата на Египет изјавил дека „Евреите не ги граделе пирамидите затоа што во времето кога биле градени, Евреите сè уште не постоеле“.

Неодамнешните археолошки истражувања покажаа дека пирамидите ги граделе самите Египјани, а работниците доаѓале од сиромашни семејства од  југот и северот на земјата, за да заработат критпа за себе како и право на достоинствен погреб, што секако не може да се смета дека биле  третирани како робови.

Мит бр.5: Преклопување на хартија повеќе од седум пати е математички невозможно

Ова е нешто што честопати е повторувано во училиштата, но дефинитивно станува збор за невистина која со текот на времето се прифатила како факт, но новите студии покажуваат дека хартијата всушност може да се преклопи 13 пати, што е официјален рекорд што е постигнат во еден експеримент.

Мит бр.6: Кинескиот ѕид се гледа од вселената


Тврдењето дека Кинескиот ѕид е единствената градба на Земата што е видлива од вселената, е побиено безброј пати, но сè уште е врежано во денешната популарна култура. Кога станува збор за поглед од вселената, Кинескиот ѕид всушност одвај е видлив дури и од ниската Земјина орбита, а тоа го потврдуваат и астронаутите од Меѓународната вселенска станица. Инаку, тврдењата дека Ѕидот се гледа од вселената се шпекулации од 18. и 19. век, кога луѓето немале поим за поглед од вселената.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование