X
 11.04.2017 Наука

„Ноќните птици“ имаат мутирани гени

Ако често останувате до доцна да гледате филмови и серии, или можеби да истражувате на интернет можеби не треба да жалате за изгубеното време во утринските часови.


Фото: Freepik

Се проценува дека еден во 75 луѓе страда од нарушување по име одложена фаза на спиење или неспособност да се заспие рано. Според најново истражување од Рокефелер Универзитетот во Њујорк тенденцијата да се останува до доцна навечер или генетската варијанта „ноќна птица“ е идентификувана.

Таа може да биде и генетска мутација.

„Генот за спиење“ или CRY1 кој ги контролира нашите циркадијални часовници бил различен кај „ноќните птици“. Во текот на студијата учесниците биле ставени во „стан за истражување“ во период од две недели без било какви индикации на време и биле набљудување.

Додека повеќето одржувале редовен циклус на спиење и јадење, еден учесник останал подоцна од сите. Според Мајкал Јанг, автор и шеф на лабораторијата за генетика на универзитетот нивото на мелатонин почнало да расте околу 9 или 10 часот навечер кај повеќето луѓе.

Кај пациентот кој останал до доцна, тоа не се случило до 2 или 3 наутро. Тимот пронашол мутација на CRY1 генот кој бил присутен и кај сите во семејството. Мутацијата е доминантна, што значи дека само една копија од него може да предизвика нарушување во спиењето.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука