X
 11.04.2018 Култура

Откриен детал од снимањето на „Игра на троновите“: „Досега никогаш направено“

Конечно заврши снимањето од познатата битка за последната сезона на серијата „Игра на троновите“ - после 55 ноќи.

трон
Фото: Printscreen

Асистент-режисерот Џонатан Квинлан, кој работел на 20 епизоди од оваа серија, објави фотографија во знак на благодарност на екипата за „неверојатната посветеност во текот на 55 ноќи снимање“.

Фотографијата за брзо време ја избришал, меѓутоа, објавата не поминала незабележано.

„За ноќните змејови, за оние што издржаа 55 ноќи на студеното време, снегот, дождот, калта и ветрот. Кога милион луѓе ќе ја гледаат оваа епизода, ќе знаат колку бевте вредни. Нема да ги интересира колку бевте уморни или колку беше тешко. Само ќе сфатат дека гледаат нешто што досега никогаш не било направено. И сè поради вас. Ви благодарам“, напишал тој.

Сцената од епската битка е снимена на три различни локации.

Осмата сезона на „Игра на троновите“ е најавена за април наредната година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура