X
 11.04.2021 Живот

Корпоративна јога и тренирање на перформансите: Нема да вежбате на работа, но ќе бидете дупло поуспешни

Со цел да ги преобликуваат компаниите за тековниот работен свет, на менаџерите им треба нов увид во тоа зошто нивните тимови се преморуваат. Што е тоа што ја нарушува нивната продуктивност?

Бидејќи вработените сега рутински работат од дома, а многумина веруваат дека канцелариите поретко ќе се користат во иднина, лидерите веќе не можат да се потпрат на моментите кога вработените прават пауза од работата за да разговараат и да се дружат со колегите. Фразата за тоа на англиски јазик е „water-cooler“ момент.

Таквите моменти во редовни околности поттикнуваат иновации и раст, но сега ги нема. Едно решение е „тренирање на перформансите“, техника за разговор за која застапниците велат дека може да реши груби проблеми на работното место.

Популарната обука на работното место традиционално ја користат менаџерите, но веќе не е резервирана само за нив. Филипа Томас, раководителка на „Би-би-си њуз“ и тренер во областа на лидерството, вели дека организациите се чувствуваа истрошени во последно време и дека луѓето се прашуваат дали менаџерот навистина разбира низ што минуваат тимовите или како треба да се водат.

Истражување објавено на 11 март во списанието „Коучинг“ им понудило на вработените во британска компанија за финансиски услуги да почнат да тренираат позитивна психологија, која се фокусира на благосостојба и сила. Авторите откриле дека учесниците изразиле загриженост за тоа колку се слуша нивниот глас.

1
Фото: Freepik

Исто така, потребни им се и вештини за тоа како да водат тим.

- Обуката им дава на луѓето простор што не осудува - вели Томас. Исто така, помага во идентификување нови вештини. Обично станува збор за наоѓање на вистинската личност за разговор еден на еден. Од друга страна, ветераните во лидерството во стилот „команда и контрола“ честопати не сакаат да ја прифатат оваа идеја.

Зошто? Затоа што за постигнување резултати е потребно време, а тоа е тешко да се измери. Иако истражувањето ги потенцира придобивките од личното подучување за работниците на далечина, сѐ поголем број компании во Велика Британија ја прифаќаат идејата како пат кон подобра соработка и продуктивност.

Томас работи со колеги во други големи компании, како што се „Глаксо смит клајн пи-ел-си“ и „Џон Луис Партнершип“, кои се одлучиле за култура за тренирање на перформансите. Неодамнешното назначување на принцот Хари на позицијата главен службеник за информации во компанијата за подучување и ментално здравје „Бетер ап инк“ укажува на раст на оваа идеја и во САД.

Многу големи компании имаат буџет само за подучување постари лидери, а некои помали би можеле да го подучат целиот свој персонал. Со цел правилно да се распределат трошоците, се советува да не се инвестира во „подучување“ без јасни цели. Но, може да се дизајнираат разни програми за таканаречена „корпоративна јога“ што доведува до успех на целиот тим.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот