X
 11.04.2021 Наша тема

„По скалилата на успехот“ со Филип Миркуловски, хаосот од информации за вакцините, конвалесцентна плазма, сообраќајки пред полициски час...

Што истражувавме?
Во случај да пропуштивте...

Јована Велинова-Трајанова дипломира на Ликовна академија на УГД со 9,56: Никогаш не застанував само на најлесното: Во текот на пандемијата сфатив дека ми треба некаков тип работа што ќе ме релаксира и ќе заборавам на реалноста бидејќи сè што се случува околу нас само додава анксиозност. Така почнав со серијал на дигитални илустрации од светови на фантазија, магија и многу бои. Функционира беспрекорно. Но, во принцип сакам да пробувам повеќе техники, материјали, стилови. Затоа имам цртано стрипови, илустрации, класични дела, дигитални дизајни, вели Јована

Има доволно резерви на конвалесцентна плазма за болните од Ковид-19, имаме многу хумани луѓе, вели д-р Садула Усеини: Досега имало над 1.000 дарувачи на крвна плазма, а според евиденцијата на Министерството за здравство, над 105 илјади лица се водат како оздравени. Сепак, не секој што го победил Ковид-19 може да дарува крвна плазма бидејќи постојат услови што треба да ги исполни.

„По скалилата на успехот“ со Филип Миркуловски: На почетокот не се надевав на толку долга и исполнета кариера, а не ни сонував дека ќе бидам тренер: Миркуловски не можеше да посакува подобар кам-бек и тоа со победата над европскиот и светски првак Данска. Со овој голем триумф тој му стави крај на својот тригодишен репрезентативен пост, а притоа, покрај Лазаров на клупата, ја најави новата македонска ракометна ера каде што акцентот ќе биде ставен на младите играчи.

Нѐ полудува хаосот од информации за вакцините против Ковид-19! Има ли помош?
Во морето од информации, стручните лица советуваат да се остане присебен и да се следат исклучиво научните вистини. Да не дозволиме од дрвото да не ја видиме шумата.

Како е да се бориш за детето, да бараш лек... Бидете упорни, порачува Наташа Анѓелеска, застапник на пациентите со ХАЕ во ЈИЕ:
Син ми ме научи да не се откажувам и секогаш да барам решение за сите проблеми во животот, вели Наташа Анѓелеска, мајка на дете со ретка болест и застапник на пациенти со ХАЕ во Југоисточна Европа

Намалете ја нервозата додека возите, особено пред полициски час! Брза помош во 30 минути реагирала и за седум сообраќајки:
Полицискиот час, кој повторно беше воведен од 10 март, забраната за работа на ноќните клубови, забраната за групирање на повеќе лица, се дел од мерките за заштита од Ковид-19 што се во сила. Што значат овие мерки кога станува збор за сообраќајните незгоди?
Д-р Маргарета Атанасовска-Трипуновска, специјалист по општа медицина во Итната медицинска помош во Скопје – 194, вели дека често укажуваат помош по сообраќајки пред да почне полицискиот час.

Издвојуваме

Наша тема